Search

Чавушоглу: Договорот за Нагорно Карабах ќе има позитивно влијание на односите со Ерменија

Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска оцени дека договорот за Нагорно карабах позитивно ќе влијае на односите меѓу Турција и Ерменија.

– Со неодамнешниот договор меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија, постојат реални шанси за мир по три децении. Ова сигурно ќе има позитивни последици врз регионалната стабилност, како и за односите меѓу Азербејџан и Ерменија и Турција и Ерменија, рече Чавушоглу на 27-миот состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, кој се одржува во форма на видео конференција, пренесува ТАСС.

На крајот на септември избија жестоки судири во Нагорно Карабах, а на 9 ноември лидерите на Ерменија, Азербејџан и Русија потпишаа заедничка декларација за прекин на огнот.

Треба да знаете
Последни објави