Search

Чавушоглу верува дека до пролет во Украина ќе има примирје или преговори

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека до пролет очекува јасна слика за војната во Украина.

– Сега Украина напредува на теренот, враќајќи некои од нејзините окупирани територии. Но, Русија за возврат намерно гаѓа цивилна инфраструктура. Така, животот станува тежок особено за Украинците, и за сите нас, рече Чавушоглу на форумот во Рим.

Тој посочи дека смета дека пред пролет ќе има јасна слика за прекин на огнот или примирје или преговарачка маса. – Но, ние нема да се откажеме. Турција ќе вложи напори, рече Чавушоглу.

– Војната на Русија против Украина стана посложена бидејќи борбите на теренот стануваат сè потешки, рече Чавушоглу и додаде дека некои западни земји треба да направат повеќе за двете страни da се префрлат на преговарачка маса.

Путин е отворен за преговори за Украина, но Западот мора да ги прифати барањата на Москва, соопшти претходно денеска Кремљ, еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е подготвен и да се сретне со Путин доколку на тој начин се стави крај на војната.

Треба да знаете
Последни објави