Search

Чавушоглу: Анкара би можела да покрене нова операција во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара ќе покрене нова воена операција на североистокот во Сирија доколку областа не се исчисти од терористи.

Тој рече дека САД и Русија не го направиле она што требало за договорот со кој беше сопрена турската операција во Сирија минатиот месец, пренесе „Ројтерс“.

Според тој договор, курдските сили би требало да бидат оддалечени од североистокот во Сирија, која се граничи со Турција.

„Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно“, изјави Чавушоглу.

Треба да знаете
Последни објави