Search

Чавков не барал амнестија

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, не поднел барање за амнестија, потврди неговиот адвокат Сашко Дуковски во изјава за медиумите. Дуковски денеска го прокоментира Законот велејќи дека според него станува збор за селективна амнестија.

Како што рече адвокатот, Чавков се изјаснил дека својата невиност ќе ја докажува во постапка пред судот. Сепак, делото за кое се товари поранешниот директор на БЈБ е исклучено од амнестијата, согласно одредбите од Законот, бидејќи Чавков е осомничен дека постапил спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело.

Треба да знаете
Последни објави