Search

Чави: Прерано е во мојата тренерската кариера да седнам на клупата кај Барса

Легендарниот фудбалер на Барселона и сегашен тренер на Ал-Сад, објасни зашто одби да ја предводи Барселона.

– Добив понуда од Барселона преку Ерик Абидал и Оскар Грау (извршен директор). Не прифатив. Премногу е рано за мојата тренерска кариера да седнам на клупата кај Барса. Сепак сонувам да станам тренер на Барселона. Прво, разговарав за предлогот со моето семејство, а потоа и со играчите на Ал-Сад. Тие беа во знаење и во тие три дена не бев во најдобра состојба, но сега сум целосно фокусиран на Ал-Сад, изјави Чави, поранешниот капитен на тимот од „Камп Ноу“.

Барселона пред три дена го отпушти Валверде и на тренерското место го постави Кике Сетиен.

Треба да знаете
Последни објави