Search

Чави изрази желба да се врати во Барселона

Поранешниот играч од средниот ред на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Чави Ернандез, кој е тренер на катарскиот Ал-Сад, зборуваше за неговата желба да се врати во каталонскиот клуб.

– Очигледно, сакам да се вратам во Барселона и возбуден сум. Благодарение на искуството што го стекнав, сега гледам дека можам да придонесам за развојот на тимот. Јасно кажав дека се гледам себеси во проект што ќе се гради од нула и во кој одлучувањето би останало на мене. Јас сакам тимски игра. Би сакал да работам со луѓе во кои имам целосна доверба. Во соблекувалната на тимот не може да има ниту еден „токсичен” играч”, изјави Чави.

Неодамна, по оставката на Ернесто Валверде, тој одби да го предводи тимот со образложение дека не е вистински момент за такво нешто.

Треба да знаете
Последни објави