Search

Ц.звезда со ерменски Арарат ќе игра на неутрелен терен

Фудбалерите на српскиот фудбалски првак Црвена звезда натпреварот од плејоф-фазата за пласман во групната фаза од Лига Европа против ерменски Арарат, нема да го одиграат во Ерменија каде има воена конфликт. Со ждрепката натпреварот требаше да се игра в четврток во Ереван, но УЕФА во полседне момент одлучи средбата да се организира на неутрален терен во Никозија (Кипар).
УЕФА проценила дека во моментов не постојат услови за играње во оваа држава поради војната која се води со Азербејџан за регионот Нагорно Карабах.

Останува да се види дали ваков ќе биде ставот ако се пролонгираат воените дејствија во оваа земја, со оглед што Македонија треба да гостува во Еревен кон средината на ноември, и да одигра меч од годишното издание на Лигата на нации.

 

Треба да знаете
Последни објави