Search

ЦЈЗ Охрид: Родители пријавуваат дека децата кои биле во Охрид имаат симптоми како дијареа и температура

Последниве два- три дена родители на деца од други градови од земјава кои биле во Охрид се јавиле во Центарот за јавно здравје во овој град каде пријавиле дека децата имале одредени симптоми како дјареа и покачена температура.

Сашо Точков од ЦЈЗ Охрид за ТВ24 изјави дека децата се вратени во своите своите градови каде се спроведуваат анкети за да е утврди дали се работи за заразени со ковид-19 и дали тоа е поврзано со забавите кои се одржуваа за време на празничниот викенд во овој туристички град, при што не беа почитувани никакви мерки на заштита.

„Не можеме ние да кажеме дали се поврзани, или биле на журки или доѓле овде заразени па овде пројавиле симптотми. Тоа е онаа индикација што не наведува да помислиме дека е нешто поврзано со тие случувања на празничниот викенд“,вели Точков.

Вчера Канал 5 повикувајќи се на болнички извори, објави дека на три лица кои за продолжениот илинденски викенд присуствувале на журките во Охрид, им е потврден новиот коронавирус.

Тројцата биле поврани меѓу себе, а во тек се и нивните анкети за останатите контакти. Во моментов тие се со благи симптоми и се на домашно лекување.

На видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи од продолжениот викенд во Охрид, се гледаше како стотици млади собрани на плажа, без почитување на мерките се журкаа.

Во Охрид во континуитет секојдневно се казнуваат лица кои не ја почитуваат мерката за носење на заштитна маска.

Треба да знаете
Последни објави