Search

Цукенберг не може да гарантира дека нема да има мешање во евроизборите

Основачот на Фејсбук, Марк Цукенберг  во интервју за „Ајриш Тајмс” изјави дека не е во можност да гарантира оти нема да има малициозни надворешни влијанија преку социјалните мрежи врз претстојните избори за Европскиот парламент.

– Со сигурност направивме голем напредок во градењето одбрана за да се заштити интегритетот на изборите. Но,… нема ниту една работа која можеме да ја направиме и да кажеме, во ред, решен е проблемот, изјави Цукенберг.

Социјалната мрежа Фејсбук повеќе пати беше мета на силни критики дека не вршела доволна контрола врз начинот на кој се злоупотребува платформата во политички цели, посебно за време на американските претседателски избори, но и во кампањата за референдумот за Брегзит. Скандалот со консултантската фирма „Кембриџ Аналитика” минатата година обелодени големи слабости во заштитата на личните податоци на корисниците на мрежата од страна на политички фактори.

Според ,Цукенберг Фејсбук сепак подготвува низа мерка за да ја обезбеди максимално својата мрежа пред мајските избори за Европскиот парламент.

За таа цел социјалната мрежа ќе ги проверуваа идентитетите на корисниците кои сакаат да вршат политичко рекламирање и ќе соработува со разузнавачките служби и изборните комисии за да се спречи ширењето на лажни вести, најави шефот на Фејсбук, предупредувајќи дека регулирањето на интернет просторот не може да биде одговорност само на приватните компании, туку дека и државите треба да се инволвираат во овој процес.

Треба да знаете
Последни објави