Search

Црн рекорд на починати лица во Хрватска

Во Хрватска денеска се евидентирани рекордни 1.413 новозаразени лица од коронавирусот, додека 18 пациенти ја загубиле битката со болеста. Оваа бројка е црн рекорд на починати лица во еден ден од почетокот на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Хрватска во моментов има активни 11.311 случаи. Во болниците се сместени 897 пациенти, од кои приклучени на респираторни машини се 57 лица.

Од 25 февруари годинава кога е регистиран првиот случај на инфицирано лице со коронавирусот во Хрватска до денеска се регистирани 38.621 лице кое било заразено од ковид 19. Досега починале 470 лица, а се излекувале 26.840, од кои 1.003 во последните 24 часа.

 

Треба да знаете
Последни објави