Search

Црногорците го прекинаа фудбалското првенство поради коронавирусот

Членовите на Извршниот одбор го усвоија предлогот за прекин на натпреварите организирани од Фудбалската федерација на Црна Гора – Телеком 1. ЦФЛ, Втора лига, младинска лига, кадетска лига, Куп на Црна Гора и женската фудбалска лига и сите натпреварувања на Здружението на клубови ФСЦГ (Југ, Центар и Север).

– Резултатите постигнати до моментот на завршувањето натпреварувањата ќе се сметаат за конечни и ќе се засноваат врз нив, ќе бидат објавени победниците, учесниците во квалификациите за европски натпреварувања, учесниците во баражите и клубовите кои отпаѓаат, се наведува во соопштението,цитирано од „Вјести”.

Прекинот се случи откако барем еден позитивен случај на инфекција со коронавирус беше потврден во ФК Будуќност, а сите играчи и персоналот на клубот беа сместени во 14-дневен карантин.

Првенството продолжи на 30 мај и се одиграа осум кола. Будуќност беше убедливо прв со 73 поени за време на паузата, 18 повеќе од Сутјеска, која ќе игра квалификации за Лигата на Европа заедно со Искра.

Треба да знаете
Последни објави