Search

Црногорската новинарка Оливера Лакиќ меѓу 10-те храбри жени во светот

Црногорската истражувачка новинарка Оливера Лакиќ, која беше ранета минатата година пред нејзиниот стан, ја доби Меѓународната награда за храбри женипо избор на Стејт департментот на САД.

Лакиќ е четврта жена од Балканот која ја има добиено оваа награда, а пред неа наградите ги добија три жени во Косово – активистката Валдета Идризи (2008), новинарката Арбана Џара (2015) и извршената директорка на Центарот за рехабилитација на жртвите на тортура во Приштина, Ферида Рушити (2018).

Доделувањето на наградите за храбри жени од целиот свет ќе се одржи на 7-ми март во Вашингтон, а признание ќе добијат жени од целиот свет, кои покажале исклучителна храброст и лидерство во застапувањето за мир, правда, човекови права, родова еднаквост и зајакнување на жените, ризикот и лична жртва, велат од Стејт департментот.

Во својата 16-годишна кариера во дневниот весник Вијести, Лакиќ добила репутација за угледен и почитуван новинар, кој истражува криминал и корупција, иако често и таа и нејзината ќерка биле мета на напади, а напаѓачите никогаш не се пронајдени.

Треба да знаете
Последни објави