Search

Црногорската изборна комисија потврди 11 кандидатски листи

Црногорската Државна изборна комисија (ДИК) потврди 11 кандидатски листи за учество на парламентарните избори во Црна Гора, кои ќе бидат одржани на 30 август, пренесува РТЦГ.

Бирачко право во Црна Гора имаат 541.232 граѓани. Во однос на претседателските избори, одржани на 15 април 2018 година, бројот на нирачи се зголемил за околу 8,6 илјади.

Парламентарните избори на 30 август ќе бидат единаесети од воведувањето повеќепартиски систем во Црна Гора, а петти по обновата на независноста.

Овие избори се специфични што ќе се одржат во услови на пандемија на Ковид-19, поради што координативното тело на Црна Гора предложи на политичките собири на отворено да биде овозможено присуство на најмногу 100 лица, а во затворен простор до 50 граѓани. Сепак, најголемиот дел од партиите веќе соопштија дека ќе се прилагодат на новите услови и најголемиот дел од кампањата ќе го спроведуваат онлајн.

Треба да знаете
Последни објави