Search

Црногорската Влада предлага докапитализација на Монтенегро ерлајнс

Црногорската Влада предложи докапитализација на националната авиокомпанија Монтенегро ерлајнс со инвестирање на 155 милиони евра во следните шест години за да се покријат доспеаните обврски на компанијата кон доверителите и инвестициите во развој.

Владата ова го објави по синоќешната седница, прецизирајќи дека во сумата биле вклучени и до 50 милиони евра нето за набавка на нови црногорски авиони, соопшти РТЦГ.

– На денешната седница, со која претседаваше премиерот Душко Марковиќ, Владата го утврди Предлог-законот за инвестирање во консолидација и развој на Друштвото за транспорт на патници и стока во воздушниот сообраќај Монтенегро Ерлајнс со што се создаваат основни предуслови за пазарно работење на црногорскиот национален авиопревозник, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави