Search

Црна Гора e силен поддржувач Македонија да биде полноправен член на НАТО и ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, го пречека претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ кој е во прва официјална посета на Република Македонија а воедно е и прв претседател на црногорското Собрание од прогласувањето на независноста на Црна Гора во 2006 година кој што ја посетил земјава.

Брајовиќ се заблагодари на топлиот и искрен прием кој што го чувствува на секој чекор и нагласи дека Црна Гора, како и досега, и отсега ќе продолжи да биде силен поддржувач на Македонија во нејзините напори да биде полноправен член на НАТО и ЕУ.

На средбата беше потенцирано дека со оглед на тоа што Црна Гора е полноправен член на НАТО од 2017 година, има искуство и експертиза која ја става на располагање на Македонија, ги чувствува придобивките на економски план за својата земја по влезот во НАТО и искрено го очекува денот кога ќе може да ја пречека Република Северна Македонија како триесетта членка на НАТО сојузот.

Во својот вовед, претседателот Џафери спомна дека и неговата прва официјална посета во својство на претседател на законодавниот дом беше токму во Црна Гора и тоа е аргумент кој што потврдува дека односите меѓу двете земји се пријателски и искрени, без отворени прашања а со исти стратешки и надворешно – политички приоритети. Во продолжение, претседателот на Собранието го информираше г. Брајовиќ за успешно завршените фази од преземените обврски од Договорот од Преспа, односно заокружувањето со усвојувањето на уставните измени и очекувањето дека процесот ќе биде успешно завршен и кај грчката страна, со што ќе се отвори патот на нашето евроатланско интегрирање.

 

Треба да знаете
Последни објави