Search

Црна Гора нема повеќе да ги затвора границите

Црна Гора веќе нема да ги затвора своите граници кон земјите во регионот, рече Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за јавно здравје. Тој рече дека границите нема да бидат затворени и покрај лошата епидемиолошка состојба и ненадејниот скок на бројот на заболени од коронавирус.

Бегиќ вели дека на сите им е јасно дека скокот на бројот на заразени лица се должи на непочитување на превентивните мерки, како и на општествено-политичките настани во претходниот период.

Овие настани, вели тој, се поврзани пред сè со масовните предизборни собири, на кои беа очигледни флагрантни прекршувања и непочитување на мерките и препораките за спречување на ширење на новиот коронавирус.

Бегиќ за „Нова С ТВ“ изјави дека не е оправдано да се очекува воведување мерки за забрана за меѓународни патувања, или забрана за пристигнување од Србија или од други земји во Црна Гора, кои нема да имаат ефект и кои немаат голема епидемиолошка смисла.

Треба да знаете
Последни објави