Search

Црна Гора има 239 инфицирани, а БиХ стаса до 720

Во Црна Гора утрово се регистрирани нови шест инфицирани од коронавирусот со кои вкупниот број стаса до 239, соопшти Институтот за јавно здравје во земјата.  Шесте ново заразени се откриени по анализата на 104 направени тестови. Сите имале контакти со претходно потврдени случаи на инфицирани од коронавирусот.

Најмногу од вкупниот број на инфицирани лица има во Подгорица 118 каде бројот на заразени веќе неколку дена не се менува, па следува Никшиќ со 30 и Бар со 20…

Во Босна и Херцеговина поради зголемениот број на ново инфицирани лица во Република Српска 42, бројот на заразени се искачи на 720. Во БиХ од почетокот на пандемијата починати се 30 лица, а 68 се излекувале од вирусот.

Треба да знаете
Последни објави