Search

Црна Гора ги укинува ковид-сертификати за влез на повеќе места

Голем чекор во однос на олабавување на мерките  денеска прави Црна Гора. Од Владата соопштија дека таму се укинува условот за ковид-сетификат за влез во трговски центри, деловни центри, како и центри кои имаат 1.000 квадратни метри простор.

Првиот човек на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, денеска, на брифинг со новинарите ијзави дека и изолацијата била скратена од 14, на 10 дена.

Тој додаде дека ситуацијата била подобрена, односно бројот на новозаразени опаднал за 40 проценит, па затоа се донесуваат овие олабавувања на мерките.

Новите мерки ќе стапат на сила од утре, сабота, 9 октомври.

Треба да знаете
Последни објави