Search

Црна Гора бара професионални војници

Армијата на Црна Гора, најмладиот член на НАТО, немаше класични регрути од 2006 година, воениот рок е укинат, а концептот на одбраната се заснова на професионални формaции во согласност со потребите и економските можности на земјата, но тоа ќе се промени во 2019 година.

Две групи од 50 млади мажи и жени ќе служат доброволен воен рок.

Тримесечната обука ќе биде речиси идентична со онаа што сега ја посетуваат идните професионални војници.

По отслужувањето на воениот рок, тие ќе стапат во стратегиски распоредена резерва и ќе бидат на располагање на државата во сите вонредни услови.

Треба да знаете
Последни објави