Search

Црвен спортски кабриолет „мејд ин Курдистан“

Црвен спортски кабриолет „мејд ин Курдистан“

Двајца браќа, Камал и Оут Селим, направија осум луксузни автомобили. Деловите ги набавуваат локално, а она што им недостига сами го произведуваат.

Помладиот брат Оут Селим вели дека уживаат во својот талент: „Ние не ги прашувавме другите за помош, сакавме тоа да биде наш проект и да ја прошириме нашата фабрика. Сакаме да правиме подобри автомобили во Курдистан и луѓето тоа да го знаат“.

Почна како хоби, од љубов кон автомобилите. Тие сега добиваат нарачки.

Браќата Селим се надеваат дека еден ден, со поддршка на владата, ќе може да го прошират своето работење, па дури и да изградат фабрика за луксузни автомобили.

Најинтересното достигнување е нивниот атрактивен црвен кабриолет. Дизајнот ги комбинира елементите на италијанските производители на спортски автомобили.

Треба да знаете
Последни објави