Search

Црвен метеоаларм за југоистокот на Шпанија, две лица загинаа во поплавите

Две лица загинаа во поплавите кои го погодија регионот на Валенсија во Шпанија. Станува збор за брачна двојка, на возраст од околу 70 години, чиј автомбил бил повлечен од надојдената вода.

За поголемиот дел од југоисточна Шпанија е прогласен црвен метеоаларм поради најобилните врнежи од дожд што го зафатија регионот во последните 100 години.

Едно од првите места кое се најде на удар на поплавите е град јужно од Валенсија, каде синоќа беа поплавени улиците. Речиси 300 литри дожд по метар квадратен наврнале во рок од 24 часа, што според АЕМЕТ, се наобилни врнежи од 1917 година. Шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ предупреди дека областа е во „екстремна опасност” и се очекува во текот на ноќта да наврнат до 90 милиметри дожд за еден час.

Треба да знаете
Последни објави