Search

Црвена звезда го позајми Секу Саного од Ал Итихад

Црвена звезда го доби првото засилување во зимскиот преоден рок. Српските медиуми пишуваат дека Секу Саного пристигнува меѓу „црвено-белите” на едногодишна позајмица од Ал Итихад.

Опцијата за откуп на неговиот договор во наредната зима останува актуелна, иако се шпекулира дека саудискиот клуб нема да прифати да се откаже од фудбалерот на таков начин, туку ќе оди на наддавање и чекање на најбогата понуда.

Српскиот претставник во фудбалската Лига на шампиони во оваа сезона се обврза да поднесе дел од платата на последниот играч за врска во Саудиска Арабија, кој заработуваше 2,5 милиони евра по сезона. Или преведено во бројки, белграѓани ќе платат вкупно 610.000 евра за услугите на интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска.

Треба да знаете
Последни објави