Search

Циципас едвај се пласира во четврт-финалето на Австралија Опен

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласира во четврт-финалето на Австралија опен, откако по голема борба го победи Американецот Тејлор Фриц со 3:2 во сетови (4:6, 6:4, 4:6, 6:4, 6:3).

Фриц поведе со помош на брејк од седмиот гем од воведниот сет, а Циципас возврати со иста мера и го освои вториот сет благодарение на одземениот сервис на ривалот во 10. гем.

Двајцата тенисери ги поделија следните два сета, а решавачкиот му припадна на Гркот, кој по три и пол часа тешка борба во Мелбурн, успеа да го скрши отпорот на Американецот во деветтиот гем и да се пласира во следната рунда од натпреварите.

Четвртиот тенисер на АТП-листата во следното коло ќе се сретне со Јаник Синер, кој во три сета го победи Алекс де Минаур.

Треба да знаете
Последни објави