Search

Цитроен удри во коњска кола има повредени

На 18.09.2019 во 19.40 часот на патот Кавадарци – Неготино, на местото викано „Маренски уши“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Т.(53) од Битола и запрежно возило, управувано од Д.В.(67) од Неготино. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.В. и бил пренесен во Општата болница во Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци

Треба да знаете
Последни објави