Search

Ципрас: 2019 година е година на надеж и оптимизам

Ова е прва нова година, кога можеме да кажеме дека жртвите и битката на грчкиот народ се исплатеше, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето новогодишно обраќање пред граѓаните.

Тој истакна дека Грција прв пат по осум години е ослободена од меѓународни финансиски обврски кои ја гушеле.

Ципрас зборуваше за иднината на Грција во 2019 година како година на надеж и оптимизам.

„По толку години, добивме битка за вработување. И ние продолжуваме да се движиме уште побрзо за понатамошно намалување на невработеноста. Ние веќе ја доби битката со отворањето на 350.000 нови работни места, но нашата цел е да се добие војната. За да се запре емиграцијата на млади, способни и креативни луѓе во странство,” рече Ципрас во своето обраќање.

 

Треба да знаете
Последни објави