Search

Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија

Сакам да верувам дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката што ја направи со Северна Македонија и сакам да верувам дека многу брзо ќе се смени одлуката, бидејќи оваа одлука не е вечна, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Флеш” од грчкиот град Козани за време на неговата посета на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на последните случувања и неодредениот датум од ЕУ и како тоа би влијаело на Договорот од Преспа, Ципрас истакнува дека неговата проценка е дека „договорот не е во опасност, а ако нешто е во опасност тоа е политичката стабилност во соседната земја” и изразува надеж дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката и ќе ја смени одлуката.

– Според мое мислење оваа одлука беше погрешна и историски неточна, сепак, сѐ уште имам надеж дека оваа одлука ќе се промени и требаше грчката Влада да има главна улога за да се смени оваа одлука, но улогата ја имаат други влади, италијанската и други. Во секој случај, не сум загрижен за стабилноста на овој договор. Секако можеби господинот Мицотакис е загрижен, бидејќи ако дојде неговиот истомисленик, господинот Мицковски, ќе трча да го моли да не го оспори договорот, договор кој самиот го карактеризираше како штетен, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА вели дека договорот не се оспорува, а можеби би се оспорил, „ако во иднина, во соседната земја победат националистите и на власт дојдат истомислениците на оние кои во Грција аргументираа против договорот”.

Паралелно тој упати критики до актуелната грчка Влада во однос на позициите за Договорот од Преспа, велејќи дека станува збор за „најголемата политичка хипокризија во последните години”.

Прашан за тоа дали, гледано од овој временски аспект, повторно би го потпишал Договорот од Преспа, Ципрас вели дека одлуката би била иста и објаснува дека тогаш бил свесен за политичката цена, но преферирал да ја преземе политичката цена за да и дадам можност на земјата да се ослободи од тешко нерешено прашање во надворешната политика.

– Сметам дека кога се наоѓаш на одговорна позиција и седиш на премиерската фотелја, во националните прашања не можеш да работиш врз основа на критериумот политичка цена. Патриотската одговорност што ја имаш како премиер е да носиш тешки одлуки, во корист на татковината и не секогаш со критериум партискиот интерес. Во оваа смисла, да, повторно ќе го сторев истото, веројатно, сега кога отпосле знам колку, моите политички противници го доведоа до крајност прашањето, можеби ќе ракував поинаку, но одлуката ќе беше иста. Одлуката ќе беше иста, вели поранешниот грчки премиер.

Тој објаснува дека од договорот и многу придобивки и големи придобивки за сите, но и за локалното население.

Треба да знаете
Последни објави