Search

Ципрас: Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие референдумот

Ципрас: Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие референдумот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од меѓународниот саем во Солун, ден по насилните протести, изрази надеж дека референдумот во земјава ќе успее, но и убедување дека договорот ќе биде успешно ратификуван во грчкиот парламент.

На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев да го добие. Потоа имаме тежок процес, процесот на уставни промени, кој што ќе се финализира кон средината на јануари, тоа е процес што е тежок бидејќи бара две третини од собранието, а потоа секако го имаме процесот со протоколот за интеграција, бирократските процеси во НАТО.

Ципрас пред новинарите ја отфрли и можноста за распишување на референдум во соседна Грција, за договорот од Преспа.

-Ќе беше историска разврска без преседан, една земја да одржи референдум за тоа како ќе се вика соседната земја, за тоа како соседната земја ќе го смени Уставот, за тоа како соседната земја ќе го финализира она што е договорено.

Пораките од Ципрас доаѓаат откако најголемиот град во северна Грција беше преплавен од демонстранти. Протестите ексалираа, десетици се приведени, а неколкумина повредени.

Во меѓувреме грчките медиуми продолжуваат да објавуваат белешки од Викиликс поврзани со преговорите за името.

Последната е извештај од 2008 година, во кој поранешниот американски амбасадор на земјава Филип Рикер, наведува дека првиот претседател на Македонија Киро Глигоров е за компромис по прашањето за името. Како црвена линија за Глигоров, во извештајот е стои дека била јазикот и идентитетот да се нарекуваат “македонски”.

Минатата недела Викиликс објави и документи од тогашната амбасадорка во земјава Џилијан Миловановиќ, во кои стои дека името Република Северна Македонија било на маса и во 2008 година.

Треба да знаете
Последни објави