Search

Ципрас: Овие не се моменти за собирање политички поени

Преку официјалниот Твитер профил, поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас изрази сочувство до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики, истакна дека несреќата не треба да се користи за собирање политички поени и посочи на влијанието и последиците од климатските промени, јави дописничката на МИА од Атина.

– Сакам да изразам длабоко сочувство за луѓето што загинаа на Халкидики како и целосна поддршка за повредените и погодените. Овие моменти не се за политичко искористување. Барем јас никогаш нема да го сторам тоа. Но, се моменти за длабоко замислување и одново размислување. Колку и да сакаме да го истераме или да го игнорираме, климатските промени и последиците од нив се присутни и не помага да затвораме очи пред тоа. Незапирливиот развој и се заканува на планетата, им се заканува на нашите животи. Колку побргу го сфатиме тоа, толку подобро ќе се заштитиме. Но, да имаме предвид дека се потребни радикални промени, а не половични мерки, напиша на Твитер поранешниот грчкиот премиер.

Треба да знаете
Последни објави