Search

Ципрас: Оваа година ќе биде значајна за Грција

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас изјави дека годинава ќе биде значајна за Грција и најави дека во 2019 година ќе започне големото заздравување на земјата која повеќе од една деценија ги трпи последиците од економската криза.

Како што пренесе грчката новинска агенција „АНА“, Ципрас до нацијата порача дека кога се работи за прашања кои се во интерес на Грците, владата не стравува од било какви трошоци или ризици. Тој додаде дека и покрај внатрешните разлики, грчкиот народ ќе остане единствен по прашањето за заштитата на суверенитетот и интегритетот на земјата.

Според неговите зборови, Грција не е земја која гради национална доверба врз база на зборови, туку со дела, но и преку надворешната политика благодарение на којашто земјата прераснала во столб за стабилноста на Балканот.

Треба да знаете
Последни објави