Search

Ципрас и грчката црква во судир за плаќањето на поповите

Алексис Ципрас, премиер од левицата и атеист, се соочува со свештенството поддржано од конзервативната десница, што навестува политичко-верска битка која и се заканува на православна Грција, во поглед на односите меѓу црквата и државата.

Нетрпеливоста меѓу двата блока ги полни насловните страници во грчкиот печат, а официјално започна кога црковната хиерархија го отфрли планот чија цел беше рационализација на однисните меѓу црквата и државните власти.

Планот предвидува приближно 10.000 попови да престанат да се изедначуваат со државните службеници. Тие и натаму ќе добиваат плата од нов посебен јавен фонд со буџет од 200 милиони евра годишно.

Во земја каде што поголем дел од граѓаните се православни христијани и Уставот е прогласен во името на Светото Тројство, вкавиот план за рационализација заеднички го претставија премиерот Алексис Ципрас и грчкиот митрополит Амвросиј.

Ципрас, првиот грчки лидер, кој положи заклетва на честа, а не на црквата и кој не се појави со сопругата пред црковните достоинственици, се пофали со овој, како што го нарече, историски договор, чија цел е да ја оддели црквата од државата.

Најавените финансиските мерки ќе бидат придружени со уставна ревизија за воспоставување на верска неутралност во државата, така што православната вера веќе нема да претставува доминантна религија. Ципрас сака уставните амандмани да го вклучат отстранувањето на верските елементи од заклетвата на пратениците.

Овие промени во петокот беа отфрлени од страна на Светиот Синод во Грција

Треба да знаете
Последни објави