Search

Ципрас: ЕУ треба да преземе конкретни мерки против Турција

Европската унија (ЕУ) треба да преземе конкретни мерки против Турција, ако таа земја продолжи со нелегалното однесување во источниот Медитеран, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

„Клучниот столб на нашата позиција е почитување на меѓународното право и секој што не го почитува треба да се соочи со последиците“, рече Ципрас на самитот на јужните земји од ЕУ што се одржува во Малта.

Говорејќи пред лидерите на Кипар, Франција, Италија, Малта, Португалија и Шпанија, рече дека инсистирањето на Турција за истражување на природниот гас на кипарското крајбрежје не претставува билатерално прашање на Кипар и Турција, ниту на Грција и Турција, туку дека тоа е прашање на ЕУ.

„Грција изрази целосна поддршка на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис“, рече Ципрас.

Треба да знаете
Последни објави