Search

Циндриќ: Се надевам дека нема да бидам исвиркан во Скопје

Ракометарите на Вардар вечерва од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат поселдниот натпревар за оваа календарска година во Лигата на шампионите. Противник им е полскиот шампион Киелце, во чии редови од оваа сезона игра поранешниот ракометар на „црвено – црните“ Хрватот Лука Циндриќ.

Тој пред натпреварот против својот поранешен клуб со кого ја осови Лигата на шампионите во 2017 година изјави дека се надева дека нема да биде исвиркан од навивачите на Вардар.  Средниот бек имаше проблеми со повреда, но како што изгледа, таа за него е минато, а за натпреварот во Скопје вели дека ќе биде навистина тежок.

-Се чувствувам добро, немам проблеми, Се надевам дека  ќе можам да го дадам максимумот, бидејќи ова е многу важен натпревар за Киелце. Што се однесува до дуелот во Скопје, таму не очекува полна сала. Атмосферата ќе биде одлична, сите места ќе бидат полни исто како во Полска, само што луѓето ќе навиваат против нас. Се надевам дека барем нема да ме исвиркаат. Минав убави три години во Вардар, се уште имам пријатели во Скопје. По мечот ќе имам добра шанса пак да разговарам со нив и да одам на вечера, изјави Циндриќ.

Овој натпревар е борба за второто место во А – групата, Вардар има 11 бода и е натретото место, додека Киелце е втор еден бод повеќе. Апсолутен лидер во оваа група е  Барселона со 16 бода

Треба да знаете
Последни објави