Search

ЦИВИЛ: Опструирањето на Преспанскиот договор не е патриотски чин

Центар за слобода најостро ги осудува партиите, односно пратениците што намерно и од позиции на теснопартиски или лични интереси го опструираат процесот на спроведување на Преспанскиот договор од кој произлегува потребата за уставните измени, се вели во соопштението на ЦИВИЛ, од каде додаваат дека нема оправдание, ниту пак објаснување за нив.

Преспанскиот договор и уставните измени ќе ѝ обезбедат посветла иднина на Македонија и на сите нејзини граѓанки и граѓани. Овој историски договор, поддржан од целиот демократски и напреден свет, го заштитува идентитетот на Македонците и македонскиот јазик. Тој претставува излез од деценискиот спор со Грција од кој полза имаат само назадните и деструктивни националистички структури од двете земји. Неуспехот на овој договор значи продлабочување на спорот, пролонгирана криза и изолација што ќе биде штетна за двете земји и за регионот, а особено за Македонија“, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Од ЦИВИЛ посочуваат дека успехот на Преспанскиот договор ќе овозможи напредок и забрзување на евроатлантските интеграции. Тие преку своето соопштение ги повикаа сите пратеници што ѝ мислат добро на Македонија, да го докажат тоа со давање поддршка на уставните измени.

Треба да знаете
Последни објави