Search

„Цивил“: Изборниот молк почнува на полноќ!

„Цивил“ ги потсетува политичките партии дека изборниот молк почнува на полноќ. Сите инволвирани во изборниот процес имаат време до полноќ за последно претставување на своите кандидати за претседател на Република Северна Македонија.

„Изборната кампања завршува, а од полноќ медиумите и сите учесници во изборниот процес, заклучно со 19 часот во недела, 21 април престануваат со секаков вид на ширење информации, фотографии и друг вид на аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборниот процес. Тоа подразбира дека ширење на пропаганда, партиско агитирање, водење кампања и други прекршувања на Изборниот законик се строго забранети“ велат од „Цивил“.

Центарот за слобода ги повика граѓаните да пријават за секое кршење на изборниот молк на телефонскиот број 02 / 5209 176, на мејл: civil@civil.org.mk или на веб страницата Слободни избори.

„Цивил“ ќе биде отворен во текот на викендот, а в недела ќе отвори и прес центар, во клубот „Менада“, Стара Чаршија.

Треба да знаете
Последни објави