Search

„Цивил“ бара од институциите да реагираат на повиците за екстремно насилство

Центар за слобода се залага за општество во кое владеат слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

,,Општество во кое одредени групи постојано повикуваат и вршат насилство врз граѓаните не може да биде здраво. Постојаните повици за екстремно насилство од одредени групи се последица од воспоставената неказнивост од минатата власт, но и неказнивоста што продолжи и по падот на режимот.

Радикалните структури во земјава непречено и неказниво шират омраза по етнички, верски и политички основи. Многубројни се примерите на пораки во социјалните мрежи, медиумите и графитите, како и на одредени протести во кои доминираат екстремистички ставови и повици на екстремно насилство”, се вели во соопштението.

Според „Цивил„, само еден од многубројните, секојдневни изливи на омраза и повици на насилство е и пораката до навивачките групи да се „мобилизираат“. „Со палки, пиротехника, шипки, молотови коктели да се пресметаме со шиптарско-северџанската полиција, да ги здробиме од ќотек, па потоа ќе видиме како што, дали насилен упад или нешто порадикално.“ Овој речник не е изолиран инцидент, туку е тренд во јавната комуникација на радикалните структури во Република Македонија.

„Цивил“ најостро ги осудува говорот на омразата и повиците на насилство и бара од институциите веднаш и најостро да ги санкционираат сите поединци и групи што шират омраза и повикуваат на насилство. Бараме од институциите да реагираат остро, решително и ефикасно, а на одговорност да ги земат и највисоките раководни структури на политичките партии што посредно или непосредно ги охрабруваат радикалните поединци и групи во земјава.

Треба да знаете
Последни објави