Search

Цивил: Агендата на Мицкоски

Цивил: Агендата на Мицкоски е кратка и јасна – спас на Фамилијата

Агендата на Мицкоски е кратка и јасна – спас на Фамилијата, а по можност, како бонус, враќање на старите добри времиња на криминално владеење. За бонусот, тој нема капацитет да го избоксува, тоа попрво ќе биде последица на поинакви операции, а не на политичкиот успех на вакво вемеро, со вакво водство.

Како што тргнала работата, овие денови треба да очекуваме Мицкоски да излезе на прес конференција со барање изборите да се одложат и да се одржат најмалку една година подоцна од редовниот термин.

Не знам каков му е третманот по дома, но сигурно е дека надвор од шампитата веќе никој нормален не би требало да си дозволи луксуз да го сфати сериозно кога ќе се истопори на партиската говорница. Бескрајните тиради со квалификации што отсекогаш важеле само за неговата партија и неговиот шеф, одамна станаа здодевни. Добро де, политичарите го третираат како партнер во политичкиот дијалог, како фактор, како… нема врска, и онака во политиката ништо не е нормално… Веројатно, политичарите како Мицкоски дома ги третираат неспоредливо полошо отколку што ги третира владејачката партија. Кутрите, веројатно затоа се постојано пред говорница, да го добијат вниманието што им недостасува…

Навистина, азилантот од Будимпешта, кого неговиот кум сакаше да го тресне со телефонот, а неговата најблиска соработничка, министерката на МВРО, го нарече кукавица кога избега, има многу лош играч на домашниот терен. Не дека и самиот беше некој политички гениј, напротив (!), но овој што го постави е чисто промашување. Посоодветен шеф на партија ќе им беше некој од десната лева патика, пардон, партија…

Сеедно што се случува, без оглед на времето што брзо им изминува на сите, како да го удрила сончаница, со изгубен компас, Мицкоски го чита истиот текст од пред претседателските избори – бара предвремени избори. Веројатно сите во неговата партија, освен него, се свесни дека за предвремени избори ниту има услови, а ниту потреба, барем не врз основа на неговите аргументи. Ова – „барем не врз основа на неговите аргументи“ е особено важно. Поточно, било кој друг во земјава да побара предвремени избори има повеќе аргументи, отколку Мицкоски.

Агендата на Мицкоски е кратка и јасна – спас на Фамилијата, а по можност, како бонус, враќање на старите добри времиња на криминално владеење. За бонусот, тој нема капацитет да го избоксува, тоа попрво ќе биде последица на поинакви операции, а не на политичкиот успех на вакво вемеро, со вакво водство.

Што се однесува до личните позиции и интереси, мора да се знае дека Мицкоски е силно мотивиран да биде што е можно погласен. Тоа добро го знаат и оние внатре, во шампитата, внимателно дозирајќи ги своите брифинзи, да не се забележи дека истекуваат информации од неговото најблиско опкружување. Мицкоски знае дека, кога тогаш, антикорупционерите ќе тропнат и на вратата од неговиот сеф полн со пари. Затоа, нему најмногу му се исплаќа да прави колку што е можно повеќе врева, за да ја дисквалификува законската акција против него. Ако некој поведе истрага за потеклото на неговиот имот, тој ќе се обиде тоа да го претстави како чин на политичка одмазда, а не како основан сомнеж дека незаконски се стекнал со мултимилионски бизнис во енергетиката.

Шегата настрана, Мицкоски не сака да има предвремени избори, тоа е јасно, но секако нема да побара и одложување на редовниот термин, кон крајот на 2020 година. Иако, ако размислиме подобро, има основа и за тоа. Има повеќе причини за тоа. Едната е пописот. Втората е потребата од сериозни изборни реформи што не се започнати. Понатаму, не смее да се заборави дека првата половина година од мандатот на овој парламент ја изгубивме со нивнион фикус што не го даваше мандатот. А партијата на Мицкоски ја круниса блокадата на демократскиот процес со терористички напад врз Собранието.

Пред и по својот пад, вемеровците ја опструираа правдата, откако претходно изградија Сваровски судство. Преку своите пиони во ликот и делото на своите довчерашни коалициски ортаци (од најголемиот, ДУИ, до најситните политички паразити), тие го успоруваа, корумпираа и саботираа и онака разурнатиот систем. Меѓу другото, сакајќи или не, постизборната хистерија на Фамилијата, ја качи и „пазарната“ цена на ДУИ и другите довчерашни слуги на Фамилијата. Но, за тоа друг пат.

За сега, доволно е да запомниме дека Мицкоски има агенда сосема поинаква од онаа што ја декларира на предолгите и ужасно здодевни прес конференции.

Извир: Цивилмедиа.мк

Треба да знаете
Последни објави