Search

Цеца ќе прави филм за својот живот? Пејачката откри детали за момчето, внукот и кариерата

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна го прослави првиот роденден на внукот Жељко, а периодот од неговото раѓање до денес вели дека прелетал како за миг.

„Многу брзо. Не се ни свртевме, а годината помина. Тоа е чудо. Уживавме и тоа за сите нас дома е посебно доживување. Тоа беа многу убави моменти, кои сите ќе ги паметиме“ – истакна пејачката, која за време на короната ѝ се случи љубов, а еве што кажа за нејзиниот избраник:

„Нема врска дали е корона или не, не гледам јас на тоа на тој начин. Двајцата сме псоветени еден на друг и во тоа уживаме скеој ден. Секој од нас има свои обврски, а кога ќе ги завршиме состаноците, ние сме заедно“.

Кога е музиката во прашање, Цеца откри со каква темпо би била нејзината нова песна.

„Сакам балади. Доколку би можела, би ги пеела цел живот. Меѓутоа, публиката сака и весели песни. Тешко е да се одреди во која насока ќе одат нвите, бидејќи доколку се вратиме 20 – тина години наназад, имав толку добри песни што ги оставав за наредните албуми. Сега тоа не е случај, хиперпродукцијата зема замав и сега е голема криза кога станува збор за добрите и квалитетни песни.“ – откри Цеца, а потоа додаде дека некогаш во иднина би можела да сними и документарец за својот живот:

„Еден ден можеби ќе направам документарец за својот живот. Но, за тоа е многу рано да зборуваме. Некако имам впечаток дека филмот може да ги долови работите многу подобро. За тоа уште има време, а важно е дека и за тоа да имате големи подготовки, за производот на крајот да биде добар.“

Преземено од Хаштаг

Треба да знаете
Последни објави