Search

Церар, Мас и Силва разговараа за перспективите на Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Германија, Португалија и Словенија, земјите што ќе претседаваат со Советот на ЕУ од 2020 до 2021 година, се сретнаа денеска во Берлин, а една од темите за кои се дискутираше беше Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.

Домаќин на средбата беше шефот на германската дипломатија Хајко Мас, а тој и неговите колеги Аугусто Сантос Силва и Миро Церар, освен што утврдија дека имаат слични ставови за приоритетите на Унијата, истакна дека проширувањето на ЕУ и Западен Балкан ќе бидат важен дел од агендата на Словенија кога ќе претседава со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година, објави СТА. Церар за време на состанокот рекол дека Словенија е застапник на „политиката на отворени врати”, доколку се исполнети сите услови за пристапувањето.

– Ако ЕУ не го зголеми своето влијание во Западен Балкан, другите светски сили би можеле да го зголемат, истакна Церар.

Тројцата министри разговарале и за промоција на циркуларната економија и социјална Европа, како и за соработката во областа на економијата, надворешните и внатрешните работи, правосудството, животната средина, образованието и науката, земјоделството и културата.

Треба да знаете
Последни објави