Search

Центар ќе ја надополни кривичната пријава за противправно градење на поранешниот објект на Хотел Плаза

Хотелот ТЦЦ „Плаза“  кој се гради на местото од поранешно „Беко“ во центарот на градот Скопје, викендов продолжи со изведување на градежни активности и покрај тоа што нема одобрение за градба од Општина Центар, бидејќи на сила е мораториумот.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ извести дека по пријава на граѓани, Секторот за инспекциски надзор на општината веднаш испратил овластен градежен инспектор на терен, каде е констатирано дека се прекршени законските одредби согласно Законот.

Општина Центар со незаконските дејствија преземени од страна на инвеститорот ќе ја надополни  претходната кривична пријава и ќе ги преземе сите мерки до надлежните институции, поради недозволени градежни активности кои се одвиваат на територијата на Центар, на поранешниот објект на Хотел Плаза.

Треба да знаете
Последни објави