Search

Центар се извини за однесување на редарите кои избркаа бабичка што продава малини

Општина Центар се извини со соопштение за денешниот инцидент кај ТЦ „Буњаковец„ кога двајца комунални редари ја избркале бабичката која продава бадеми, лешници и малини. Тие ја превртеле гајбата со производи, а откако жената ги собрала истите ѝ ги искинале кесите со бадеми. Видео од инцидентот се појави на социјалните мрежи по што реагираше Општината.

Општина Центар се извинува за грубото и нехумано однесување на двајцата комунални редари вработени во Секоторот за инспекциски работи во општината. Нивното однесување денеска со право ја вознемири и револтираше јавноста.
Општина Центар ќе ги преземе сите неопходни мерки за утврдување на вината и санкционирање на двајцата вработени.
Нагласуваме дека вакво однесување кон граѓаните нема да дозволиме бидејќи и избраните лица и општинската администрација работат и ќе работат во интерес на сите жители на Центар, велат од Општината.

https://www.facebook.com/martinez.cvetkovski/videos/10217704795237547/?t=83

Треба да знаете
Последни објави