Search

Центар: Изведувачот кај ТЦЦ „Плаза“ продолжува да гради и покрај решенијата од инспекциите и поднесените кривични пријави

Реакција на Општина Центар на „Порака до властите, зошто ги губите изборите“ од иницијативата „Шанса за Центар“, објавена на Фејсбук

Во врска со написите во објавата на социјалните мрежи од страна на „Шанса за Центар“ (https://www.facebook.com/104691108594318/posts/126810806382348/), кои се однесуваат на градежните работи кои се извршуваат на место на поранешниот трговски центар ТЦЦ Плаза, Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ информираат дека по предметот е постапувано и повторно се постапува. Општината ја информира јавноста дека веќе е известена ПС Центар, извршен е увид на терен и записниците веќе во понеделник ќе бидат поднесени до Основното јавно обвинителство. Граѓаните се должни да знаат дека изведувачот продолжува да гради и покрај решенијата од инспекциите и веќе поднесените кривични пријави против него.

Треба да знаете
Последни објави