Search

Ценовска: Домашната платежна картичка „Купувам домашно“  ќе ја добијат 324.479 граѓани.

 

Домашната платежна картичка “Купувам домашно” е мерка од третиот сет економски мерко со која заедно ќе ја зајакнеме македонската економија преку директна финансиска подршка на граѓаните кои пак ќе ги потрошат овие пари за купување македонски производи и услуги.

Домашната платежна картичка „Купувам домашно“  ќе ја добијат 324.479 граѓани.

Без аплицирање и без дополнителни трошоци.

Помошта ќе стигне секаде каде што е потребна

  • 9000 денари им следуваат на невработени лица, активни баратели на работа  и приматели на социјална помош кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари од  јануари до април 2020 година.

(Во оваа категорија 115.927 лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка)

 

  • 3000 денари ќе добијат вработени лица кои за периодот јануари -април 2020 година оствариле доход до 60.000 денари по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ.

(Тоа се 117.144 лица кои ќе добијат 3.000 денари на платежната картичка еднократно)

 

  • 3000 денари им следуваат и на средношколци во државните училишта и студенти од 16 до 29 години.

(Станува збор за 87.014 лица кои ќе добијат еднократно 3.000 денари на платежната картичка)

 

  • Домашна платежна картичка „Купувам домашно“ ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со COVID-19, со средства во висина од 40% од последната основна нето-плата. Ние сме социјална држава и солидарно општество и затоа во мерките може да се пронајде секој – зошто секој треба и секој ќе добие поддршка.

Корисниците ќе ја добијат картичката на домашна адреса или може да се подигне од банката, за истата не се аплицира.

 

Граѓаните ќе добијат Домашна платежна картичка препознатлива со слоган „Купувам домашно“ која ќе ја издаваат банките, на која ќе се наоѓаат средствата и која ќе можат да ја користат.

 

На страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните ќе може:

  • Да проверат дали се корисници на домашната платежна картичка
  • Со внесување на својот ЕМБГ да ја проверат паричната вредност на картичката која им следува
  • Да добијат информација за банката која ќе им ја издаде картичката
  • Средствата од домашната платежна картичка може да се потрошат само за купување на македонски производи и услуги и тоа во:

 

  • Ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одмаралишта, сместувачки капацитети, туристички агенции
  • Трговија на мало продавници за храна и пијалоци
  • Зелени пазари
  • Аптеки
  • Фризерски салони и салони за разубавување

За картичката, граѓаните нема да имаат никакви трошоци, како надоместоци за издавање, членарина и затворање на сметка на корисникот.

Корисникот, доколку одлучи може да продолжи да ја користи картичката и по истекот на календарска 2020 година.

Граѓаните кои имаат блокирани сметки ќе може слободно да ја добијат и користат платежната картичка.

Издавање на домашните платежни картички од 18 јули 2020.

Искористување на средствата од домашните платежни картички до 15 август 2020.

Ова се мерки за нова, развојна македонска економија, преку кои ќе ја зголемиме потрошувачката и ќе стимулираме заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.

 

Треба да знаете
Последни објави