Search

Цените на нафтата во слободен пад, Норвешка ќе загуби милијарди

Иако Норвешка е еден од главните инвеститори во високо-технолошките и „зелените” иновации, економијата во Норвешка останува силно зависна од екстракција на нафта и гас и на милост и немилост на глобалните цени на нафтата и на гасот. Според националниот буџет, дури и пад од само еден долар во глобалната цена на нафтата за барел значи загуба од 470 милиони долари за државните приходи.

Од последната највисока цена на почетокот на октомври, цената на нафтата од Северното Море падна за околу 150 круни (17 долари) за барел поради зајакнување на доларот. Норвешката национална радиотелевизија НРК ги опиша цените како „камен што тоне”.

НРК наведе пет причини за падот на цените што доведе до пад на приходите.

Прво е поголемото производство од ОПЕК и САД кои го преплавија пазарот со нафта. Второ, САД им одобрија на повеќе земји исклучок од своите санкции против Иран. Колку повеќе држави увезуваат иранска нафта, толку е позаситен пазарот. Трето, експертите предвидуваат пониска побарувачка, што дополнително ќе ги намали цените. Четврто, твитот на американскиот претседател Доналд Трамп дека цените на нафтата треба да бидат пониски, што се толкува како спротивно на мерките на САД за зголемување на цената. Петто и последно, многу шпекуланти лошо ја предвидоа насоката во која се движи пазарот, а сега се очајни да продаваат, што дополнително ја намалува цената на нафтата.

Според НРК, годишниот ефект од ова ќе изнесува 64,5 милијарди норвешки круни (7,5 милијарди долари) што одговара на околу 640 милиони долари месечно или 21 милион долари дневно.

Нафтената индустрија е многу профитабилен бизнис за Норвешка, обезбедувајќи ѝ 17 отсто од БДП и 21 отсто од државните приходи. Вкупниот нето готовински приход на владата од нафтената индустрија се очекува да изнесува 201 милијарда долари во 2018 година и 33,5 милијарди долари во 2019 година.

Треба да знаете
Последни објави