Search

Цените на заштитните маски во Словенија пораснаа за 15 пати

Од прогласувањето на светска пандемија од коронавирусот цените на заштитните маски во Словенија пораснале за 15 пати, покажа истражувањето на ПОП ТВ.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ако една хируршка заштитна маска чинеше од три до пет центи, сега истите чинат од 35 од 70 центи.

Според податоците на телевизијата, набавната цена на маските сега изнесува 50 центи, за транспорт од Кина се плаќа уште седум центи, царината е три центи, по што се одбива цената од 60 центи по маска.

Во Словенија има голема побарувачка од заштитни маски, а само Универзитетскиот клинички центар во Љубљана има дневна потребна од 20.000 вакви маски.

Повеќе приватни компании веќе почнаа масовно производство на заштитна опрема, а словенечката Влада најави дека во идниот период во земјата треба да пристигнат огромни количини маски и заштитна медицинска опрема.

Треба да знаете
Последни објави