Search

Цената на паладиумот го надмина златото

Цената на скапоцениот метал паладиум во изминатите две недели на светскиот пазар се зголеми за 25 проценти, достигнувајќи 2.500 долари за унца, што е двојно повеќе од минатата година.

Една унца паладиум сега чини повеќе од злато.

Паладиум е сјаен, бел метал од истата група како и платина, рутениум, родиум, осмиум и иридиум. Поголемиот дел од паладиумот во светот доаѓа од Русија и Јужна Африка и е извлечен како нуспроизвод при вадење други метали, обично платина и никел.

Овој скапоцен метал е клучна компонента на каталитичките конвертори, кои се дел од системот за контрола на издувните гасови на автомобилите, а се наоѓа главно во бензинските и хибридните возила.

Поради високата цена на овој метал, во последните години е зголемена кражбата на каталитички конвертори во светот. Лондонската полиција соопшти дека бројот на кражби во првите шест месеци од 2019 година во споредба со претходната година е зголемен за повеќе од 80 проценти.

Треба да знаете
Последни објави