Search

Цената на нафтата се зголеми по твитот на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во сооштение на Твитер укажа дека Русија и Саудиска Арабија може да постигнат договор околу цените на нафтата.

-Тукушто разговарав со мојот пријател Мохамeд бин Солмaн, кралски престолонаследник на Саудиска Арабија, кој разговарал со претседателот Путин, и се надевам и очекувам дека тие ќе скратат приближно 10 милиони барели, можеби многу повеќе, што ако се случи ќе биде одлично за индустријата за нафта и гас, напиша Трамп.

По соопштението, цената на нафтата од типот „Брент” се зголеми за 46 посто и денеска на берзите постигна највисоко ниво од 36.29 долари за барел. Цената на американската лесна нафта (ВТИ) исто така порасна, но за 24.8 отстсо достигнувајќи максимални 25.67 долари за барел.

Неможноста да се постигне договор за кратење на производството на нафта меѓу Русија и Саудиска Арабија доведе до ценовна војна меѓу двете земји, со што цената на нафтата во изминатиот период достигна рекордно ниски вредност, невидена уште од 1991 година.

Треба да знаете
Последни објави