Search

Цената на Елмас драстично скокна по добрите игри

Цената на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е зголемена за седум милиони евра и е помеѓу десетте фудбалери во Серија А со најголем напредок, пишува порталот „Трансфермаркт“ .

На стартот од сезоната тој беше проценет на 10 милиони евра, но добива солидна минутажа од тренерот Карло Анчелоти, а аналитичарите ја забележаа неговата игра и сега тој вреди многу повеќе. Елмас изминатото лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи за 16 милиони евра, плус дополнителни два милиони во бонуси.

Според „Трансфермаркт“ најголем скок во цената според игрите прикажани сезонава на теренот има Стефано Сенси од Интер, но тука се уште двајца соиграчи на Елмас од Наполи, а тоа се Фабијан Руиз и Џовани ди Лоренцо.

Треба да знаете
Последни објави