Search

Целосно реконструиранa градинката во Радишани

Целосно реконструиранa градинката во Радишани

Престојот на дечињата од најмалата група во градинката Ташко Караџа во општина Бутел, одсега ќе биде многу попријатен и побезбеден.

Имено, општина Бутел, изминатиов период работеше на реконструкција на делот за јасли при што беше комплетно реконструирана бетонската плоча. Станува збор за постар проблем поради кои се појавило тонење на плочата. Со реконструкцијата заменета е целата плоча на површина од 800 метри квадратни, со што престојот на децата и вработените станал значително побезбеден.

Покрај тоа комплетно е сменет и мебелот, со што дечињата добија нови креветчиња, тоалети и ПВЦ прозори.

Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, кажа дека општината има подготвено проект со кој се очекува во текот на наредната година сите градинки во Бутел да бидат комплетно реконструирани и уредени. Исто така до завршување на градоначалничкиот мандат, предвидена е и изградба на нова детска градинка, потенцираше градоначалникот Смилевски.

Пелените, влажните марамчиња и детската козметика за сите деца во градинката се донација од Алкалоид Скопје, позитивен пример кој општинарите очекуваа дека ќе го следат и останатите компании.

Треба да знаете
Последни објави