Search

Целосно реконструирана улицата Индира Ганди

После неколку децении во општина Шуто Оризари,  целосно се реконструираше улицата Индира Ганди која е најзначајната сообраќајница и воедно е лицето на оваа општина, изјави Ферат Асани, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризари.

-Градиме по план! За градските власти предводени од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов секој е важен! Реконструкцијата на улицата Индира Ганди  се изврши во должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец. Покрај коловозот се изврши и обновување на тротоарите со цел побезбедно движење на пешаците. Покрај реконструкцијата на Индира Ганди , планирани се санација и обновување и на останатите   улици во нашата општина. Со  подобрување на патната инфраструктура во нашата општина, се грижиме за безбедноста и сигурноста на граѓаните, затоа што тие тоа го заслужуваат. За нас Зборот Важи!, рече Асани.

Треба да знаете
Последни објави