Search

Цела пратеничка листа на СДСМ во втората изборна единица во изолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација, објави fokus.mk. 

Како што велат дел нив од Фокус, после вчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Инаку, носител на оваа пратеничка листа е техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој веќе се тестираше и резултатот е негативен, меѓутоа најави дека во следниот период од дома ќе управува со владата се додека не добие препораки од епидемиолозите. Втората на листата Сања Лукаревска, директорка на УЈП, испадна позитивна на тестирањето за КОВИД 19.

Текстот во целост на: fokus.mk. 

Треба да знаете
Последни објави